Тимот на Еурофарм Пелистер 2 го продолжи договорот со интернационалецот од Босна и Херцеговина, Павле Петровиќ.
По успешните две сезони, во кои со екипата ги исполни зацртаните цели, десниот бек денес стави потпис на нов едногодишен договор.
Петровиќ за првпат ќе го предводи тимот на Еурофарм Пелистер 2 во европските клупски натпреварувања во сезоната 2022/23.
Од битолскиот тим заминаа голманот Благоjче Траjкоски и десното крило Милан Гукик.