Ракометарите на Еурофарм Пелистер славеа против хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице со 27-23 и од второто место во групата ќе одат во четвртфиналето на регионалната СЕХА лига.
Македонскиот тим во текот на дуелот водеше и со осум разлика, но не успеа да ја задржи високата позитива и на крајот оствари триумф од четири гола.
Еден од подобрите во победничкиот табор беше Павле Атанасијевиќ, кој ги сподели своите импресии по остварената победа над хрватскиот вицепрвак.
,,Одигравме максимално, сите се бодревме меѓусебе, се поддржувавме еден со друг… Мислам дека одигравме борбено во текот на сите 60 минути. Нашата одбрана ги натера да промашуваат, нашите голмани си имаа свој ден и заслужено победивме”, изјави Атанасијевиќ.
Ривалот во четвртфиналето, Еурофарм Пелистер ќе го дознае на 27 март кога ќе бидат комплетирани дуелите од групата Б каде што се Вардар, Партизан и Татран Прешов.
Голманот не ја ни виде топката – проектил на Павле Атанасијевиќ во мрежата на Нексе (ВИДЕО)