Тимот на Еурофарм Работник изненадувачки загуби од составот на Мешков Брест, кој во ростерот имаше многу играчи од втората екипа. Левото крило Гоце Ојлески смета дека бркањето резултат внело дополнителна нервоза во играта.
“Заслужено победи Мешков Брест. Ние имаме многу проблеми со повредени играчи, одбрната не функционираше како што треба, цело време бркавме резултат, многу бевме нервозни, па затоа можеби и промашувавме чисти ситуации”, изјави Ојлески.
Нема време за одмор за Еурофарм Работник, бидејќи веќе в сабота го чека нова средба од Лигата на шампионите против тимот на Спортинг Лисабон.