Ојлески: Со нов стручен штаб и нова енергија до позитивен резултат против Нексе

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ги очекува последниот натпревар од групната фаза во регионалната СЕХА лига.

Во Битола ќе гостува хрватскиот Нексе Нашице, а левото крило Гоце Ојлески ветува максимален ангажман.

„Знаеме дека Нексе е квалитетен противник и квалитетна екипа. Секоја година цели високо и не треба да трошиме зборови за нив. Не сме комплетни, но со нов стручен штаб и со нова енергија ќе се обидеме да дадеме максимум и ќе се обидеме да издвојуваме позитивен резултат“, вели Ојлески.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе Нашице се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:00 часот.