Тимот на Еурофарм Работник по дуелот со Татран Прешов од Лигата на шампионите, го очекува натпревар од регионалната СЕХА лига против Мешков Брест.
Левото крило Гоце Ојлески вели дека белорускиот првак е опасен ривал, без разлика со каков состав ќе игра.
„По загубените шанси во Лигата на шампионите, имаме многу подобра ситуација во СЕХА лигата. Играме добро во ова натпреварување и зошто тоа да не продолжи и понатаму. Мешков Брест е долгогодишен член на СЕХА лигата, кандидат за висок пласман, па без разлика во каков состав ќе дојде, ќе биде опасен ривал. Ние имаме проблеми со повредени ракометари, но тие што ќе настапат ќе го дадат максимумот за што е можно подобар резултат“, изјави Ојлески.
Натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Мешков Брест се игра вечерва во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 19:00 часот.