Ракометарките на Чаир дојдоа до победа од 42:29 против Пелистер со што продолжија со сигурната игра на домашен терен и успеа да се избори за важни бодови во трката за што подобра позиција во Групата А со оглед на тоа што плеј-офот е веќе обезбеден.
Чаирчанки имаа контрола на целата средба и беа во постојана предност. Имаа водство од почетокот на натпреварот. Испитувањето на силите траеше неколку минути, а после 5:5 дојде до предност од три гола, 8:5. Гостинките успеаја да се доближат уште еднаш при 11:10, а на ова минимално водство тимот на Чаир одговори со зголемување на водството.
До крајот на првиот дел домашните успеаја да се изборат за плус пет. На одмор заминаа со 20:15, но тоа не беше доволно за да можат да бидат сигурни во продолжението од натпреварот.
Домашните го отворија второто полувреме со 7:0 и брзо беа обезбедени плус 12. Со оваа позитива веќе беше поинаку бидејќи составот на Чаир тргна кон победа. Делуваше сигурно на теренот и овие 12 разлика ги чуваше со мирна игра.
Во еден момент разликата отиде и на плус 17. Чаир водеше со 38:21, а потоа и со 39:22, но во последните минути дојде до опуштање, па гостинките намалија. Меѓутоа победникот беше јасен многу претходно така што само се очекуваше крајот и конечниот резултат.
ЧАИР – ПЕЛИСТЕР 42:29 (20:15)
Сала: 7 Март во Скопје. Судии: Ѓорѓи Василевски и Блаже Михајлов од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.
ЧАИР: Којовиќ, Сали, Буразер, Рамадани, Бакиќ 7, Божиновска 6, Рахмани 3, Рамуко 1, Реџеп 4, Ѓеоргиевска 11, Алексоска 1, Дамчевска 3, Дукоска 4, Филипоска 2
Седмерци: 2/4, Исклучувања: 2 мин.
ПЕЛИСТЕР: Гецовска, Тодоровска, Богоевска, Кајческа 5, Дишковска, Јанкуловска 9, Етемовска 5, Босиловска 1, Гроздановска 1, Милосављевиќ 4, Шишковска, Дамјановска 1, Наумовска 3, Николоска, Ѓоргиевска.
Седмерци: 1/3, Исклучувања: 6 мин.
СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА А
ТАБЕЛА