Екипата на КЛ 7 успеа да стигне до нова победа во Групата А од Супер машката лига откако на заостанатиот натпревар успеа да го совлада тимот на Астраион и тоа на гостување со 33:25.
Составот на КЛ 7 уште од првата минута почна подобро од противникот. Тргна со погодок, а откако домашните израмнија следуваше серија. Се играше далеку подобро и тоа носеше резултат на теренот така што во продолжението од натпреварот работите доаѓаа на свое место.
Во поголемиот дел од првото полувреме водството беше 7-8 гола разлика и тоа даваше сигурност. Сепак, малата опуштеност овозможи тимот на Астраион да намали и на одмор да има негатива од три гола, 11:14.
Овие три погодоци, меѓутоа, не беа доволни за да може тимот на Астраион уште повеќе да се врати во натпреварот. Момците од КЛ 7 знаеја како да издржат до последните моменти од средбата односно да издржат во текот на вторите 30 минути и овој дуел да го приведат кон нова победа.
На крајот одново разликата беше висока и беа достигнати највисоките осум гола за конечни 33:25.