Охриѓани убедливи дома, со победа и на втората контрола со Прилеп

Ракометарите на Охрид дојдоа до уште една победа на контролните средби пред стартот на пролетниот дел од сезоната откако денеска го надигра составот на Прилеп и го совлада со 27:18.

Охриѓани имаа предност од 11:9 на крајот од првото полувреме. Овие два гола позитива беа најава за убаво продолжение на средбата и одеше сè добро така што на крајот предноста се искачи до девет погодоци.

Ова е втора победа на Охрид против Прилеп во кратко време бидејќи пред неколку дена на гости славеше со 28:26.

Добро е познато дека тимот на Охрид во пролениот дел од сезоната ќе се бори за титулата и за излез во европските купови, додека Прилеп ќе има тешка задача бидејќи ќе треба да влезе во трка за опстанок во плеј-аут лигата.