Ракометарите на Охрид ги одработуваат подготовките за претстојната сезона во која ќе влезат со големи амбиции.
Покрај напорните тренинзи во сала, ракометарите имаат и тим-билдинг во текот на денешниот и минатите неколку дена.
Возење велосипед, едрење, пешачење накај Велестово…многу предизвици во авантуристичкиот парк, беа на менито кај „гладијаторите“.
Охрид за новата сезона на тренерската позиција го ангажираше легендарниот Стевче Алушовски, а се засили со осум ракометари.
„Гладијаторите“ ќе тестираат со двете најдобри македонски екипи – Вардар и Еурофарм Пелистер, а од 23 до 26 август ќе бидат домаќини на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“.