Следниот викенд Охрид ја отвора сезоната пред својата публика која домашните натпревари од ракометната 2022/23, ќе може да ги следи и со сезонски карти кои ќе бидат во продажба до сабота, 10 септември, кога е закажан дуелот со незгодниот состав на Прилеп.
Цената на сезонската карта која ќе важи за сите првенствени натпревари во ракометната Супер лига изнесува 1200 денари. Со купена сезонска карта следи гратис дрес на Охрид.
Ракометарите на Охрид во првото коло беа поразени на гостувањето кај Бутел со 23:24.
Во тек е и продажбата на влезници за ракометниот Супер куп во кој се среќаваат Вардар и Еурофарм Пелистер, а кој се игра на 11 септември во Охрид.
Влезници по цена од 200 денари, можат да се купат секој ден од 18 – 20 часот на билетарата при спортската сала „Билјанини извори“. Натпреварот ќе се одигра со почеток од 20:00 часот.