Ракометарите на Охрид имаат само уште малку време за одмор бидејќи за краток период ќе треба да ги стартуваат „моторите“ и да почнат со подготовките за новата сезона.
Веќе е познато дека почетокот на тренинзите ќе биде на 27 јули и ова ќе биде датумот на кој ќе биде првата прозивка и ќе биде објавен и планот за тренирање до почетокот на новата сезона.
Охрид и во новата сезона ќе влезе со амбиции за пласман во плеј-офот односно за место во разигрувањето за титулата и пласман во европските купови така што и подготовките ќе мора да бидат одработени максимално.
Познато е дека ќе се тренира во Охрид, а веќе е потврдено и дека ќе се земе учество на турнирот во Струга каде што годинава би требало да има исклучиво домашни екипи поради пандемијата со коронавирусот.