Охриѓани не го заборавија Тот – со специјални маички му оддадоа почит на екс соиграчот (ФОТО)

Ракометната јавност во Македонија и на Балканот денеска беше потресена со веста за смртта на десниот бек Денис Тот.

Хрватскиот интернационалец последната сезона ја играше во Бутел Скопје, а претходно мина две сезони во Охрид.

Пред дуелот со Тиквеш од Суперлигата, навивачите „Рибари“ го скандираа името на Денис Тот, ракометарите на Охрид со специјални маички со неговиот лик му оддадоа почит.

Овој натпревар, како и сите викендов ќе започнат со минута молчење.