ОХРИД 2023: Убавата страна на турнирот (ФОТО)

Охрид во изминатите четири дена беше во центарот на вниманието на ракометната јавност со второто издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“.

Покрај ракометните натпревари, вниманието на присутните го привлекуваа и трите физиотерапевтки на Голден Арт и Бутел Скопје.

Во Македонија не е невообичаено да има машки физиотерапевти во женски клубови, но досега не беше честа практика да има дами во машки клубови.

Драгана Тодорова и Марија Танчева кои работат во Голден Арт, како и Стефани Совтовска која е дел од Бутел Скопје, покажуваат дека и дамите се снаоѓат одлично во машките клубови.

Покрај нив три, од суперлигашките екипи во Македонија, уште Вардар има дама за физиотерапевт – Николина Бојаџиска.

.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.