Екипите на Металопластика и Татран Прешов одиграа возбудлив натпревар на второто издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“. Иако Татран Прешов во најголемиот дел од дуелот беше во предност, сепак, Металопластика не се предаде и успеа да се избори за нерешен резултат против словачкиот вицепрвак, 24:24. Голот за реми го постигна членот на Металопластика, Милан Дакиќ, кој беше еден од предводниците на српскиот тим.
Металопластика до 15-та минута од дуелот покажа добра игра, но во втората половина од првиот дел дозволи Татран Прешов да се одлепи на резултатска предност од три до четири гола разлика. По борбата гол за гол, словачкиот тим успеа да воспостави контрола, дојде до 10:7, потоа зголеми на плус четири, 11:7, и до крајот на првото полувреме ја одржуваше стекнатата предност. По 30 минути игра, тимот на Татран Прешов замина на пауза со плус три, 14:11.
Металопластика нагази на почетокот на вториот дуел, по предноста на Татран Прешов од 15:11, следуваше серија од 3:0 на гостите од Шабац, кои во 35-та минута намалија на 15:14, но избраниците на Владан Матиќ кога најмногу требаше немаа решение како да стигнат до реализација.
Татран Прешов за неколку минути игра се консолидира, ја врати предноста од четири гола разлика, поведе со 18:14 во 38-та минута, минута подоцна дојде и до 19:14. Ракометарите на Матиќ не се предаваа, ја преполовија негативата и се изборија за неизвесен финиш.
Мотивираниот Дакиќ ги влечеше сите конци во тимот на Металопластика, беше најзаслужен што неговиот тим беше се уште во игра. До крајот на дуелот предноста на Татран Прешов се движеше од еден до три гола разлика. Металопластика пред крајот (57 минута) намали на 23:22. Татран Прешов со гол од пенал дојде до 24:22 и од готово направи вересија. Ракометарите на Металопластика се надминаа себеси и во последната минута со два гола дојдоа до реми.
Металопластика – Татран
Повеќе детали за турнирот во Охрид 2023, вести, табели, резултати, претставување на екипите, распоред на натпреварите,… ќе можете да најдете во делот посветен за турнирот на www.24rakomet.mk во главното мени на страната што е активен.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.