ОХРИД 2023: Олимпијакос – целта е една и единствена, да се симне АЕК од тронот

Од 23 до 26 август во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одржи второто издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ со учество на осум екипи. Покрај домаќинот Охрид, од Македонија ќе играат екипите на Голден Арт, Бутел Скопје и шампионот Еурофарм Пелистер, додека од странство ќе дојдат турскиот Бешикташ, грчкиот Олимпијакос, српската Металопластика Шабац и словачкиот Татран Прешов. 24Ракомет Ви ги претставува сите учесници...

АЕК Атина беше дел од Струшкиот турнир, додека Олимпијакос ќе биде дел од меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ што ќе се одржи во Охрид од 23 до 26 август.

Тимот од Пиреја направи големи ротации во играчкиот кадар и заминаа дел од играчите што стигнаа до финалето на грчкиот плеј-оф и загубија со 3-2 во победи од големиот ривал АЕК Атина.

Oд клубот заминаа екс вардарецот Оливие Њокас, потоа двајцата екс пелистерци Елмир Граџан и Влад Остроушко, потоа австриските интернационалци Роберт Вебер и Томас Бауер.

Олимпијакос го засилија голманот Панос Папантонопулос, Христос Цигаридас, Григорис Цимбулас, а од големиот АЕК дојде десното крило Димитрис Цирас. Еден од најдобрите грчки играчи Савас Савас, се врати од Бундес лигата во татковината и го засили Олимпијакос.

Покрај овие ракометари, Олимпијакос го засилија и хрватските интернационалци Иван Вида и Иван Слишковиќ, како и словенечкиот кружен напаѓач Миха Кавчич.

Натпревари на Олимпијакос на турнирот „Крсте Андоновски Усташ“

23/08, 18:00 часот, Охрид

24/08, 18:00 часот, Бешикташ

25/08, 11:00 часот, Голден Арт

26/08, за пласман

Повеќе детали за турнирот во Охрид 2023, вести, табели, резултати, претставување на екипите, распоред на натпреварите,… ќе можете да најдете во делот посветен за турнирот на www.24rakomet.mk во главното мени на страната што ќе биде активен во вторник на 22 август 2023.

.

Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.