Од 23 до 26 август, тимот на Охрид ќе биде домаќин на второто издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“.
Осум екипи ќе се борат за трофејот покрај езерото, а натпреварите ќе се играат во утринските и вечерните термини.
Планирани се преноси на You Tube од сите натпревари, а дел од дерби средбите ќе одат во преноси и снимки на националната телевизија МТВ.
СРЦ „Билјанини Извори“ ќе биде домаќин на четири домашни екипи – Охрид, Бутел Скопје, Голден Арт и Еурофарм Пелистер, како и четири странски – Бешикташ, Олимпијакос, Металопластика и Татран Прешов.