ОХРИД 2023: Голден Арт прв се „чекираше“ во Охрид (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Голден Арт пристигнување Охрид 2023

Ракометарите на скопски Голден Арт први се „чекираа“ во Охрид каде ќе настапуваат на меѓународниот турнир што од утре до сабота ќе се одржува. „Градежниците“ беа на еднонеделни подготовки во Струга, па само ја сменија страната на Охридско Езеро и ќе ги имаат првите вистински контролни средби. Тие се во група заедно со Бешикташ, Олимпијакос и домаќинот Охрид. Во првото коло Голден Арт утре во 11 часот ќе игра со турски Бешикташ.