ОХРИД 2023: Втор ден со нови возбудувања покрај езерото

Денес на второто издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ ќе се одигра второто коло од групите.

По вчерашните возбудливи дуели, исто така на денешните натпревари се очекува љубителите на уживаат во добар ракомет.

Вториот ден на турнирот ќе биде отворен со дуел меѓу екипите на Металопластика Шабац и Бутел Скопје.

Тимот на Металопластика во првото коло одигра нерешено против Татран Прешов, 24:24, додека Бутел Скопје беше поразен од Еурофарм Пелистер со 32:21.

Домаќинот Охрид со почеток од 13:15 часот силите ќе ги одмери со младиот состав на Голден Арт. Двете екипи ќе атакуваат на првата победа на турнирот, откако вчера беа поразени од Олимпијакос, односно Бешикташ.

Во терминот од 18:00 часот ќе се сретнат Олимпијакос и Бешикташ. Се очекува грчкиот тим и турскиот вицепрвак да понудат доста возбудлив дуел.

Големиот фаворит на турнирот, македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, за втор ривал го има Татран Прешов.

Распоред на денешните натпревари:
11:00 Металопластика – Бутел Скопје
13:15 Охрид – Голден Арт
18:00 Бешикташ – Олимпијакос
20:15 Еурофарм Пелистер – Татран Прешов

Повеќе детали за турнирот во Охрид 2023, вести, табели, резултати, претставување на екипите, распоред на натпреварите,… ќе можете да најдете во делот посветен за турнирот на www.24rakomet.mk во главното мени на страната што ќе биде активен во вторник на 22 август 2023.

.

Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.