Тимот на Охрид ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната во Суперлигата, што ќе започне на 2 февруари.
Раде Стојановќ ги собра ракометарите во СРЦ „Билјанини Извори“, а има една промена во составот во споредба со есенскиот дел.
Спогодбено е раскинат договорот со десниот бек од Србија, Алекса Милошевиќ, кој не остави особен впечаток со игрите.
На десната бековска позиција Стојановиќ останува со Филип Николов, а деновиве ќе биде познато дали ќе има некое ново засилување.
Охрид има 25 бодови, исто колку и Тиквеш и Пролет, па меѓу овие три екипи би требало да се бараат последните два патника за плеј-офот.