По двата реми натпревари со Еурофарм Пелистер 2 на подготовките во Маврово, тимот на Охрид ја забележа првата победа на пријателските натпревари.
Избраниците на Горан Андоновски славеа против тимот на Голден Арт со убедливи 15 гола разлика, 38-23.
На полувремето, домаќините во СРЦ „Билјанини Извори“ водеа со 20-13 и уште тогаш го решија победникот на натпреварот.
Охриѓани ги очекува настапот на турнирот што го организираат на домашен терен со Партизан, Тиквеш и Партизан, додека Голден Арт ќе се сретне со Вардар Неготино во Охрид.