Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа од 24:20 на гостувањето во Охрид, но овој триумф беше остварен после 60 минути со голема борба и цврста игра во одбраната.
Од почетокот на средбата тимот на Охрид беше добар ривал. Гостите поведоа први и имаа и 3:1, но тука следуваше 3:0 за охриѓани и пресврт. Од овој момент кога го презедоа водството постојано беа во предност и имаа и плус два при 7:5. Тука гостите направија 3:0 и успеаја да стигнат до ново водство.
Нешто поконцентрираната игра во нападот овозможи на полувреме тимот на Еурофарм Пелистер да замине со предност од 11:9.
Во вториот дел гостите беа тие што постојано имаа предност. Имаа водство кое го контролираа и кое во ниту еден момент не дозволија да им биде достигнато. Само на почетокот на второто полувреме беше еден разлика, 14:15, а потоа откако резултатот беше 15:19 на десет минути до крајот од натпреварот веќе можеше да се одигра и поопуштено.
Сепак, разликата беше зачувана до крајот од натпреварот и немаше проблеми за да се издржи односно да се дојде до посакуваниот резултат на овој дуел. Еурофарм Пелистер дојде до планира бодови, но домашните скапо ја „продадоа кожата“ бидејќи беа доста силен и цврст ривал.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
ТАБЕЛА