Тимот на Охрид, кој во минатата сезона заврши на 5. позиција во македонската елита, направи промени во играчкиот и стручниот кадар.
Охрид за новата сезона ангажираше осум нови играчи, како и нов тренер, со цел подобар пласман на екипата, односно излез на европска сцена.
Новиот тренер на Охрид, екс репрезентативецот на Македонија, Стевче Алушовски, денес го одржа првиот тренинг.
На првата прозивка присуствуваа новите засилувања, голманското трио – Бобан Ристовски, Даниел Ѓорѓески и Берин Бркиќ, потоа тројцата играчи од шампионот Еурофарм Пелистер – Гоце Ојлески, Милорад Кукоски и Никола Стоилевски, како и останатите два интернационалци – Теимураз Орјоникидзе и Рудолф Сафранко.
Охрид го очекува и организација на турнирот „Крсте Андоновски Усташ“ со осум екипи од 23 до 26 август.