Суперлигашите Прилеп и Охрид одиграа контролен натпревар на кој гостите дојдоа до победа од 28:26.
Прилепчани кои се подготвуваат за битка за опстанок добија можност за силна контрола против Охрид, а покажаа дека можат да бидат одлични бидејќи во првото полувреме одработија одлично. Составот на Прилеп, кој беше домаќин на првата од двете контроли имаше 17:15 после првите 30 минути така што двете екипи добија по едно полувреме.
Во вториот дел составот на Охрид надомести односно успеа да се врати во ритам и да дојде до победа од два гола разлика, 28:26.
Втората средба се игра в сабота во Охрид, па тоа ќе биде нова можност за добра контрола на двете екипи од Супер лигата. Инаку, Охрид е дел од плеј-офот, а Прилеп од плеј-аут лигата.