По вчерашниот триумф со три гола разлика, 25-22, над црногорскиот шампион Ловќен, ракометарите на Охрид денеска одиграа нерешено, 26-26 со истиот ривал.
Избраниците на Раде Стојановиќ први создадоа солидна залиха од четири погодоци, 11-7, но до крајот на полувремето Ловќен успеа да израмни на 13-13.
Во вториот дел, гостите имаа предност од два гола, но „гладијаторите“ се вратија во игра и повторно ја преземаа контролата, 21-19.
Беше 25-25, а двете екипи погодија во последната минута, за реми 26-26. Денис Тот даде шест гола, а по три пати погодија Блажески, Младеновиќ и Чагаљ.