Екипата на Охрид продолжува сигурно да чекори кон плеј-офот откако во натпревар од 21. коло во Супер лигата на гостински терен славеше сигурна победа против екипата на Прилеп со 30:21.
Избраниците на Раде Стојановиќ започнаа максимално ангажирано и уште од почетокот на дуелот имаа контрола на играта и резултатот. После петнаесетина минути игра беше 10:5 за охриѓани.
Обидите на Прилеп да се вратат резултатски во игра беа неуспешни па до крајот на првото полувреме Охрид ја задржа рано сткнатата предност. Предводени од Додиќ и Николов охриѓани имаа водство од 14:9 на полувреме.
Во второто полувреме Охрид играше рутински и без поголеми проблеми одеше кон триумф во натпреварот. Прилеп беше немоќен да ја надомести негативата и на крајот мораше да се помири со висок пораз.
Најефикасен со шест гола во тимот на Прилеп беше Марко Трајковски, а по четири гола постигнаа Бикоски и Чантурија. Предводник на Охрид до победата беше Стефан Додиќ со осум гола, а Филип Николов беше стрелец на шест погодоци.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА