Екипата на Охрид во периодот од 23 до 24 август ќе го организира првото издание на меморијалниот турнир “Крсте Андоновски – Усташ”.
Освен домаќинот Охрид, ќе учествуваат и Тиквеш Кавадарци и Пролет, додека единствениот гостин од странство ќе биде Партизан од Србија.
На првиот ден од турнирот ќе се одиграат две полуфинални средби, додека на 24 август ќе се играат мечот за третото место и финалниот натпревар.
23.08.2022 (вторник)
17:30 часот, Партизан – Пролет
20:00 часот, Охрид – Тиквеш
Поразените од двете полуфинални средби ќе играат за 3. позиција на турнирот, додека победниците ќе играат за првото место.
24.08.2022 (среда)
15:30 часот, натпревар за 3 место
18:00 часот, финале