Ракометарите на Охрид ги продолжија подготовките за пролетниот дел од сезоната во Суперлигата во Црна Гора.
Избраниците на Раде Стојановиќ го одиграа првиот пријателски натпревар и славеа против Будва со 39-32, откако и на полувреме имаа плус два, 19-17.
Најдобри стрелци на натпреварот беа Филип Николов со 12 гола и Мице Шилегов со постигнати 8 гола. Јагош Брауновиќ го сочува голот и заокружи 8 интервенции.
Охридските ракометари во петок и сабота ќе одиграат уште два натпревари против екипата на Ловќен од Цетиње.
Охрид се наоѓа на делба на петтото место во Суперлигата со Пролет и Тиквеш и ќе се бори за место во плеј-офот.