Вториот дерби дуел денеска во кој се сретнаа составите на Бутел и Охрид заврши со победа на домашните од 26:22. Ова беше прекин на серијата победи на Охрид бидејќи во есенскиот дел охриѓани имаа 12 победи на 12 средби и со максимум влегоа во плеј-офот.
По почетното испитување на силите после 4:4 дојде до мала серија од домашните. Бутел направи 3:0 и дојде до предност од 7:4, а овие три гола разлика дадоа можност да се одигра подобро во продолжение.
Одбраната на Бутел Скопје фунционираше подобро од онаа на охриѓани и таа ја носеше предноста во овој дел од натпреварот. Водството продолжи да расте, а гостите тешко доаѓаа до простор за шут и за враќање во средбата.
Откако на паузата резултатот беше 11:7, во вториот дел од натпреварот екипата на Бутел продолжи со зголемување на водството и стигна до плус шест кога поведе со 17:11. Сепак, ова влијаеше на гостите кои го кренаа нивото и почнаа да играат далеку подобро. Влегоа во продолжението со многу поголема ангажираност и намалија на два гола.
Во моментите кога Бутел имаше само 19:17 дојде до поправање на работите односно дојде до менување на ситуацијата. Следуваа одново подобри минути во кои разликата беше вратена на пет гола, 22:17.
Веќе снемуваше време за да може да се направи нешто повеќе до крајот од натпреварот така што на домашните им остана само да ја чуваат прденоста и да дојдт до победа на стартот од сезоната. Ова беше очекувано интересен натпревар, но разликата е можеби преголема бидејќи oчекувањата беа да одлучува една топка или две.
Вака Бутел Скопје отвори со три бода во плеј-офот, а Охрид ќе мора да го крене нивото и да потсети на игрите од есенскиот дел кога имаше 12 победи на 12 одиграни средби.