Македонскиот вицепрвак славеше на гостувањето кај Охрид со 28-22 и ја забележа втората победа во новата сезона од Суперлигата. Натпреварот беше решен во финишот на првото полувреме кога гостите од Автокоманда ја направија клучната предност и само ја задржаа и зголемија во вториот дел.
Гостите отворија со водство од 5-0, па домашниот тренер Стевче Алушовски мораше да бара тајм-аут. Беше и 6-1, па 7-3 за тимот од Автокоманда, пред охриѓани да заиграат подобро и да ја анулираат целата негатива.
Охрид израмни на 7-7, па сега и тренерот на вицепрвакот бараше минута одмор за неговите избраници, кои погодија два пати по ред за 9-7. Ojлески и Цирар продолжија два пенали, па гостите се одлепија на плус четири, 13-9.
Во последната минута од првиот дел Орјоникидзе намали на 15-10, но гостите набрзина организираа акција, Бинго погоди и на пауза се замина со плус шест за тимот од Автокоманда, 16-10.
На стартот на вториот дел Ѓорѓески одбрани два удари, Охрид намали на минус пет, 16-11. Пробуваа домашните да се вратат во игра, но промашуваа и пенали и зицери, па тимот од Автокоманда во еден момент имаше плус девет, 24-15, а тоа му гарантираше мирна завршница и втора победа.
Најдобар стрелец во победничката екипа беше Митев со девет гола, а во составот на Охрид, Цирар даде шест гола, Шешиќ пет, а Бојаниќ имаше четири реализации. Во следното коло Охрид гостува во Куманово, додека вицепрвакот ќе игра дома против Еурофарм Пелистер 2.