Раководството на Охрид напорно работи на формирањето на ростерот на клубот за следната натпреварувачка сезона.
Ново име во составот на Горан Андоновски ќе биде српскиот пивот Владимир Бојаниќ, кој потпиша договор на две сезони.
Бојаниќ има 28 години (204/120) и доаѓа од шампионот на Турција, Бешикташ, а пред тоа настапуваше и во Партизан, Тримо Требње и Горење, како и за Војводина и Металопластика.
„Драго ми е што ќе бидам дел од овој проект, се надевам дека ќе ја оправдам укажаната доверба и ќе ја оствариме нашата цел. Се надевам дека тимот ќе расте од година во година“, вели Бојаниќ.
Претходно договорите беа обновени со Крсте Андоновски, Иван Тасески, Наум Костов и Кристијан Димитриески, а дојдоа Тоше Ончев, Даниел Андоновски, Зураб Цинцадзе и Хазеин Рустамов.