Раководството на Охрид е најактивно во формирањето на ростерот пред стартот на новата сезона во Суперлигата.
По Крсте Андоновски, Иван Тасески, Наум Костов и Кристијан Димитриески, петтиот ракометар што го продолжи договорот е турскиот репрезентативец Халил Озтурк.
Тој дојде во Охрид од Металург на полусезоната, но заигра во финишот и покажа дека може да биде од голема корист. Претходно беше дел од турскиот Спорт Тото, а има играно и за Гозтепе.
Претходно составот на Горан Андоновски се засили со Ончев, Грубиќ, Бојаниќ, Цинцадзе, Рустамов, Василевски, Бошкоски, како и со Даниел Андоновски.