Екипата на Охрид во Маврово ќе ги продолжи подготовките за новата натпреварувачка сезона, во која клубот предводен од Стевче Алушовски ќе влезе со големи амбиции.
По одработената прва фаза од подготовките, денес ракометарите на Охрид заминаа на базични подготовки во Маврово.
Ракометарите на Охрид во Маврово ќе престојуваат во наредните девет дена и ќе се подготвуваат на физичко и технички-тактички план.
Охриѓани откако вчера тестираа со македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, при нивниот престој во Маврово ќе одиграат контролен дуел со Вардар.
Охрид го очекува и организација на турнирот „Крсте Андоновски Усташ“ со осум екипи од 23 до 26 август.