Ракометарите на Охрид забележаа нова победа во контролните мечеви од подготвителниот период.
Во СРЦ „Билјанини Извори“, избраниците на Раде Стојановиќ го победија составот на Прилеп со 30-22.
Тест средбата подобро ја отворија гостите кои го контролираа водството во првите петнаесеттина минути.
Охриѓани во продолжение заиграа посериозно, имаа плус еден на пауза, а во вториот дел со лесни голови се одлепија на повисока разлика и до крајот рутински го довршија мечот.