Францускиот интернационалец Малик Хогас, кој играше во тимот на Охрид во сезоната 2015/16 и беше миленик на навивачите, својата кариера ќе ја продолжи на Кипар.
Искусниот ракометар во продолжението од сезоната ќе ги брани боите на кипарскиот тим Анортозис Фамагуста.
Десното крило во последните пет сезони настапуваше во грчкиот шампионат и беше дел од екипите на АЕК Атина и Диомидис Аргос.
Анортозис Фамагуста пред извесен период го ангажираше и екс ракометарот на Вардар, кружниот напаѓач Домен Сикошек Пелко.