Прволигашот Голден Арт КЛ7 во новата сезона ќе влезе посилен за уште еден искусен ракометар.
Станува збор за Пеце Рајатоски, чија природна позиција е десно крило, но одлично може да покрие и на бековската позиција. Овоj трансфер го наjави 24Ракомет, а клубот денеска го официjaлизираше.
Рајатоски минатата сезона ја помина во составот на Струга, a потекнува од битолски Пелистер. Настапуваше и за тимот на Кастриоти од Косово, а во Македонија беше член и на Прилеп.
Рајатоски е поранешен кадетски и младински репрезентативец на Македонија, а има настап на ЕП во Австрија.
Претходно ГА КЛ7 ги донесе Ивица Илиев и Златко Даскалоски, кои ќе му помагаат и во стручниот штаб на тренерот Никола Матлиески, потоа Стефан Колоски, како и Марио Миланов, Никола Димитров, Давид Даев, Есад Дрпљанин и Даниел Ацев.