Романскиот шампион Динамо Букурешт денеска го официјализираше потписот со шпанскиот стратег Чави Пасквал.
Тој по 12 сезони си замина од каталонскиот гигант Барселона и се враќа во романскиот ракомет, каде што претходно беше селектор на машката репрезентација.
Динамо посакува камбек во Лигата на шампионите, но и оваа сезона шансите за настап во елитата не се големи.
Романскиот тим донесе две големи засилувања – Кристијан Дисингер од Вардар и Седрик Сорендо од Барселона, а би требало да биде официјализиран потписот и на синот на Чави, Алекс Пасквал, кој исто така заминува од каталонскиот гигант.