Екипата на Прилеп доби уште едно засилување, а овој пат се работи за репрезентативно со оглед на тоа што ракометарот кој треба да дојде има и настапи за Македонија на големите натпреварувања.
За Филип Чурлевски нема да има место во Еурофарм Пелистер за следната сезона, но затоа има место за средниот бек во повратникот меѓу суперлигашите, Прилеп. Освен за матичниот Пелистер, Чурлевски играше и за Вардар Јуниор.
Горан Кузманоски, кој до пред неколку месеци беше соиграч со Чурлевски, сега ќе го има во својот тим и ќе му биде тренер.
Чурлевски е петтото засилување за тимот на Прилеп. Претходно својот потпис го ставија и Грузијците Реваз Чантурија и Зураб Цинцадзе, потпишаа и Манчески и Шокоски, а продолжени беа договорите со Бикоски и Амзоски.