Талентираниот српски лев бек Стефан Петриќ (22) во следните две сезони ќе биде член на Вардар.
Повеќекратниот првак на Македонија и актуелен освојувач на Купот, донесе засилување кое во иднина треба да биде еден од играчите со кои почнува освежувањето на тимот и создавање на екипа која ќе настапува в година.
Петриќ доаѓа е екипата на Партизан каде досега настапуваше и ова ќе биде негово прво интернационално искуство.
Тој е дел од младинската репрезентација на Србија и настапуваше и на СП за играчи до 19 години што беше во Македонија.
Стефан е син на поранешниот играч на Вардар, Владимир Петриќ кој во својата кариера ја заврши токму во дресот на „црвено-црните“.
Наскоро ќе следуваат и нови засилувања и потврда на играчите што ќе настапуваат во иднина во Вардар.