Данскиот шампион Алборг го официјализираше трансферот на исландската ѕвезда Арон Палмарсон.
Бекот на Барселона во следните три сезони ќе ги брани боите на амбициозниот тим од Данска, во кој од сезоната 2022/23 доаѓа и Микел Хансен.
Иако Палмарсон беше пред потпис и продолжување на договорот со каталонскиот гигант, сепак се реши за данскиот првак, кој најавува атак на европскиот врв.
Во Алборг на лето доаѓаат и тројца ракометари од Бундес лигата – десното крило Кристијан Бјорнсен, десниот бек Мартин Ларсен и пикерот Јеспер Нилсен.
Палмарсон ќе комплетирa четири сезони во Барса, а претходно две години го носеше дресот на Веспрем и шест на Кил.