Квалификациските турнири за Олимписките игри во женска конкуренција кои ќе се играат од 20 до 22 март ќе се играат без присуство на гледачи, потврди Светската ракометна федерација.
Домаќините – Подгорица во Црна Гора и Ѓер во Унгарија, односно салите „Морача“ и „Ауди Арена“ ќе бидат празни и домашните нема да имаат поддршка од своите навивачи.
Се уште нема конкретна информација за турнирот во Шпанија, во Илирија, но веројатно ист случај ќе биде и таму.
Машките квалификациски турнири се на програмата од 17 до 19 април во Норвешка, Германија и Франција.