Како што најави 24Ракомет, Охрид во организација со Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе биде домаќин на машкиот ракометен Суперкуп меѓу шампионот Вардар и финалистот на Купот на Македонија, Еурофарм Пелистер.
Денес, раководството на Охрид преку социјалните мрежи официјално објави дека ќе биде организатор на годинешното издание на Суперкупот.
Натпреварот од Суперкупот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се одигра на 11 септември во салата „Билјанини Извори“, а дополнително треба да се одреди саатницата за овој дуел.
Бранител на трофејот во Супекупот е Еурофарм Пелистер, кој лани славеше против Вардар со 31-22.
Суперкуп на Македонија, историја:
2017 година Вардар – Еурофарм Пелистер 30-25 (СЦ Јане Сандански)
2018 година Вардар – Металург 33-24 (Отворено игралиште Горан Попоски Бабец)
2019 година Вардар – Металург 26-24 (Спортска сала Куманово)
2021 година Еурофарм Пелистер – Вардар 31-22 (СЦ Борис Трајковски)
Клубовите и РФМ се договорија: Ракометниот Супер Куп на 11 септември во Охрид