Некогашниот вардарец Сташ Скубе, нема да заигра воопшто за полскиот шампион Келце, иако потпиша тригодишен договор.
Словенечкиот среден бек ќе се пресели во Монпелје, а францускиот клуб ќе мора да му плати оштета на Келце од 200.000 евра. Скубе во Франција ќе игра во наредните три сезони.
Дел од француските медиуми претходно пишуваа дека Скубе треба да биде замена за Симоне, но и Аргентинецот останува во Монпелје.
По настапите за ПИК Сегед, Вардар и Мешков Брест, Монпелје ќе биде четвртиот клуб во странство за Словенецот, кој дома ги бранеше боите на Тримо и Горење.