ОФИЦИЈАЛНО: Марио Танкоски три години во Еурофарм Пелистер!

Тимот на Еурофарм Пелистер денеска го обезбеди потписот на првото засилување за следната сезона.

Станува збор за македонскиот репрезентативен бек Марио Танкоски, кој досега ги бранеше боите на тимот на Металург, а сега потпиша договор на три години со битолскиот тим.

Иако и лани беше договорен за премин во Битола, трансферот не се реализираше бидејќи Металург побара голема оштета.

Танкоски ќе биде замената за Ловро Јотиќ, кој потпиша договор на две години со португалскиот тим Бенфика.