Ракометарот на Вардар, Куни Моралес нема да го продолжи договорот во актуелниот шампион на Македонија и на лето ќе има нов предизвик во својата кариера.
Искусниот ракометар ќе биде новото засилување во Загреб и во тимот на Славко Голужа ќе остане најмалку две сезони.
Пред извесен период медиумите во Хрватска веќе го преселија актуелниот член на Вардар во редовите на Загреб, а денес раководството на ,,плинарите” ги потврди гласините и го претстави Моралес како ново засилување.
Kубанецот дојде во Вардар пред две сезони и остави одличен впечаток, а претходно ги носеше дресовите на Порто, Иври, Данкерк и Мадеира.
Во Загреб во моментов играат тројца екс вардарци – Тимур Дибиров, Иван Чупиќ и Стефан Додиќ
Покрај Моралес, ново засилување во Загреб би требало да биде и црногорскиот пивот од Тримо Требње, Миодраг Ќорсовиќ.