Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, иако имаше уште две сезони од актуелниот договор со бундеслигашот Магдебург, сепак ќе си замине на крајот на сезоната.
Магдебург потврди дека спогодбено е раскинат договорот со левиот бек, кој не добиваше голема минутажа од тренерот Бенет Вигерт.
Пред неколку дена беше најавена можноста Кузмановски да се пресели во бундеслигашот Хановер, а денеска тоа беше и официјализирано.
Битолчанецот потпиша три години договор со Хановер, кој е предводен од шпанскиот стручњак Карлос Ортега и се очекува да добие голема минутажа, како замена за данскиот репрезентативец Мортен Олсен.