Како што пред неколку дена најави 24Ракомет, а денеска потврди рускиот „Брз Центар“, поранешниот член на Вардар, Глеб Калараш, се враќа во Бундес лигата.
Рускиот интернационалец потпиша договор со бундеслигашот Балинген до декември, односно до крајот на оваа година.
Двете страни се договориле за кратка соработка, која може да биде продолжена до крајот на сезоната или Калараш ќе може да се пресели во друг клуб.
Тој денеска би требало да пристигне во Балинген, но го чека петдневен карантин пред да може да се приклучи на екипата со тренинзи.
Со Вардар освои титула во Лигата на шампионите, а претходно беше дел од Нева Санкт Петербург, Мотор Запорожје и Магдебург.