Како што најави 24Ракомет, поранешниот селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија и на репрезентациите на Саудиска Арабија, Сирија и Либан, како и тренер на повеќе суперлигашки екипи во државата, Владимир Глигоров, е нов тренер на Голден Арт.
Глигоров доаѓа на местото на Никола Матлиески, со кој клубот спогодбено го раскина договорот по натпреварот со Јуниор КВ на домашен терен, кој се играше изминатиот викенд.
Глигоров ќе ја води екипата во преостанатиот дел од сезоната, во плеј-аут лигата, каде што Голден Арт ќе се бори за опстанок во најквалитетното ракометно натпреварување.
Поранешниот селектор и нов тренер на клубот, доаѓа во период кога на Голден Арт му престојат две тешки гостувања, кај едни од најсериозните кандидати за опстанок во лигата, Куманово и Струга. Првиот предизвик на Глигоров ќе биде гостувањето кај МРК Куманово, натпревар кој ќе се одигра во недела во 18 часот.
Поранешен селектор на Македонија седнува на клупата на Голден Арт