Двократниот европскиот шампион Вардар ќе игра во осминафиналето на Лигата на шампионите. Европската ракометна федерација ја потврди претходно најавената одлука дека поради Ковид-19 ситуацијата и неодиграните натпревари, сите 16 екипи ќе играат во следната фаза.
Претходно беше планирано само првите шест екипи од секоја група да напредуваат во следната фаза, но сега е јасно дека сите осум ќе бидат таму. Не е познато само од која позиција ќе стартува Вардар, но тоа ќе зависи кога ЕХФ ќе ги соопшти службените резултати од одложените мечеви на 26 февруари.
Според најавениот формат, првоопласираниот од групата А вкрстува со осмопласираниот од групата Б, па вториот од А со седмиот од Б итн….
За разлика од Лигата на шампионите, во Лигата на Европа, системот нема да се менува и без разлика на одложени или откажани мечеви, само првопласираните четири ќе играат во осминафиналето.
Вардарци имаат за играње уште осум меча – два со ПИК Сегед, два со ПСЖ, два со Елверум и по еден со Мешков Брест и Фленсубрг, но јасно е дека нема да бидат одиграни сите до 4 март.