Францускиот лев бек Бакари Диало, се врати во татковината и во новата сезона ќе ги брани боите на тимот на Тулуз.
Иако имаше договор на уште една сезона, поради семејни причини, посака да се врати дома и раководството на Вардар го ослободи од обврските.
Во сезоната што ја мина во Скопје остави одличен впечаток со настапите, особено со играта во дефанзива.
За Французинот, настапите во Вардар беа први на меѓународна сцена, бидејќи досега беше дел само од Понто Комбо, Кретеј и Трембле.
По завршувањето на сезоната, на кратко беше дел од тимот на Ал Наџма од Бахреин и настапи на Азиското клупско првенство.