Како што најави 24Ракомет пред извесен период, левото крило од Франција, Арно Бинго во следната сезона ќе настапува за Бенфика, клуб кој во изминатата сезона ја освои титулата во Лига на Европа.
Екипата од Португалија денес преку клупската страна го потврди трансферот на Бинго во своите редови и ја најави едногодишната соработка со искусниот ракометар.
34-годишното лево крило потекнува од составот на Вокс Ан Велин, играше за Вилфранш, па Вилербан, пред да замине во Трембле, чиј дресот го носеше 2007 до 2016 година.
Играше за Монпелје три сезони, освои и една титула во Лигата на шампионите во 2018 година. Потоа го имаше првото интернационално искуство во португалскиот Спортинг Лисабон, каде одигра две сезони и направи камбек во Трембле.
Сепак по една година таму повторно заминува во Португалија и ќе игра за Бенфика, која има големи амбиции во следната сезона.
Бенфика претходно ги договори и Адам Јухас, Владимир Врањеш и Андер Искиердо, а договорите беа продолжени со Пауло Морен, Густаво Капдевил и Лусијано Силва.